четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Рeнџер турнат во езеро додека ги предупредувал посетителите во парк да држат дистанца (ВИДЕО)

Рeнџер турнат во езеро додека ги предупредувал посетителите во парк да држат дистанца (ВИДЕО)

Посетителите во парк во близина на езерото Остин биле предупредени од ренџерот дека треба да се оддалечат едни од други за да се намали можноста за пренесување на коронавирусот, но 25-годишниот Брендон Хикс го турна во езерото.

Видеото, објавено на социјалните медиуми, покажува дека ренџерот им кажувал на посетителите во паркот да се оддалечат бидејќи не го почитувале физичкото растојание, објави синоќа „СNN“.

Меѓутоа, Хикс се залетал и го турнал ренџерот во плитката, но матна вода, а и тој самиот завршил во езерото поради тоа што ренџерот го повлекол за рака.

Хикс тогаш се обидел да избега, но набргу потоа бил уапсен и ќе се соочи со обвинение за обид за напад врз јавен службеник.

Неговиот адвокат изјави дека Хикс се срами од својата постапка и многу го почитувал спроведувањето на законот.

Коронавирус