сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 27
home Занимливости

Речиси никој не ја користи за тоа: Знаете ли за што служи фиоката под рерната на вашиот шпорет?

Речиси никој не ја користи за тоа: Знаете ли за што служи фиоката под рерната на вашиот шпорет?

Најверојатно и вие спаѓате во онаа група луѓе кои во фиоката под рерната на шпоретот чуваат алуминиумска фолија, капаци, калапи за слатки, пластични кутии и слично. Без оглед на тоа што ставате внатре, сигурно не ја користите за она за што ја намениле произведувачите.

Всушност, оваа фиока служи за да ги одржува јадењата топли. Таа е „топла фиока“ во која можете да ја ставите храната после нејзиното печење за да ја задржи температурата погодна за сервирање.

Ако сѐ уште го чувате упатството за вашата рерна, проверете што пишува во него. Во најголем дел од нив се препорачува внатре да ја ставате топлата храна, додека пак ладната или онаа која била на собна температура, не може да се загрее.

Ако досега не сте ја искористиле за оваа намена, тогаш вреди да го пробате овој трик кога ќе приготвувате нешто за вашите гости. И да доцнат, вие сепак ќе ги послужите со топла и вкусна храна.

Коронавирус