среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Занимливости

Разочаран зошто го напуштила, 80 годишен старец и го запалил домот на партнерката

Разочаран зошто го напуштила, 80 годишен старец и го запалил домот на партнерката

Вљубен 80-годишен Италијанец не можел да се помири со фактот дека неговата партнерка го напуштила, па решил да и се одмазди така што ќе и го запали станот.

Италијанецот неколку години бил во врска со една жена, која на крајот решила да го напушти, што тој никако не можел да го прифати и постојано ја следел и прогонувал.

За да се спаси од поранешниот љубовник, жената решила да се исели од местото Чечина, јужно од Рим и да замине кај нејзините деца.

Лут поради тоа, љубоморниот Италијанец, решил да подметне пожар во нејзиниот стан. Тој ја полеал влезната врата на станот со запалива течност и ја запалил. Пожарот сепак бил брзо изгаснат и не предизвикал голема штета.

Полицијата покрена обвинение против 80-годишникот за обид за подметнување пожар. При проверка на неговиот стан, биле пронајдени две пушки и муниција, кои му биле одзмени.