четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Раст од 72,8 отсто на продажбата на автомобили во Кина

Раст од 72,8 отсто на продажбата на автомобили во Кина

Вкупната продажба на автомобили во Кина во првото тримесечје на 2021 година надминува 6,34 милиони единици, што е за 72,8 насто повеќе отколку истиот период лани. Овие податоци се содржани во извештајот објавен од Здружението на производители на автомобили во Кина.

Во овој период, продажбата на комерцијални возила се зголемила за 71,2 отсто на годишно ниво, а на патнички автомобили – за 74,1 отсто. Во март годинава, се вели во документот, на пазарот се продадени 2,38 милиони автомобили, произведени во Кина, што е за 64 отсто повеќе отколку во февруари. Растот на овој индикатор на годишно ниво изнесува 66,8 отсто.

Во 2020 година во Кина се продадени 25,31 милиони автомобили. Минатата година на тамошниот пазар беа продадени вкупно 25,23 милиони автомобили.

Во 2021 година, според предвидувањата, продажбата би требало да се зголеми за четири отсто и да надмине 26 милиони продадени возила.  (МИА)

Најнови вести

Коронавирус