понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 148
home Занимливости

Расцвета рекордно големиот тепих од лалиња во Истанбул

Расцвета рекордно големиот тепих од лалиња во Истанбул
İSTANBUL BÜYÜKŞEHİR BELEDİYESİ TARAFINDAN DÜZENLENEN LALE FESTİVALİ KAPSAMINDA 545 BİN CANLI LALENİN OLUŞTURDUĞU BİN 262 METREKARELİK HALI YAPILDI. DÜNYANIN EN BÜYÜK 'LALE HALISI' OLMA ÖZELLİĞİNİ TAŞIYAN HALI, 10 GÜN BOYUNCA SULTANAHMET'TE SERGİLENECEK. (-/İSTANBUL-İHA)

И оваа година на плоштадот Султан Ахмет спроти црквата Света Софија во Истанбул расцвета рекордно голем ќилим, составен од стотици илјади лалиња кои секоја година се садат со цел да се потсети на освојувањето на Констатинопол од страна на Османлиите.

Цветната површина од 565.000 лалиња, е „распослана“ на 1.740 метри квадратни. Бројката 565 ги симболизира 565-те години од 1453-та, кога Османлиите го освоиле Константинопол, денешен Истанбул.

Ова е досега најголемиот „ќилим од лалиња“ во светот.

Лалињата, традиционално, потекнуваат од источна Турција и од степите во Централна Азија, каде што овој цвет, според верувањето, бил првпат култивиран од Османлиите. Со ова, Турците денес сакаат да пратат порака дека всушност Турција е „земја на лалињата“, а не Холандија.

Турција и Холандија веќе не спорат за тоа која земја е прататковината на нежниот цвет. Истанбулскиот Фестивал на лалињата во 2013. беше посветен на 400-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу двете земји.

Коронавирус