петок, 24. септември 2021. Вести денес: 107
home Занимливости

Првиот вселенски туристички лет на „Спејс-Икс“

Првиот вселенски туристички лет на „Спејс-Икс“

„Спејс-Икс“ утревечер ќе лансира четири лица во тридневна приватна мисија во орбитата на Земјата. Ова е прв лет само со цивили. Компанијата на Илон Маск со тоа влегува во борба за својот дел од колачот наречен „вселенски туризам“.

Леталото „Кру драгон“ и мисијата „Инспирејшн-4“ го заокружуваат летото во коешто милијардерите Ричард Бренсон и Џеф Безос полетаа во Вселената со своите „Вирџин галактик“ и „Блу ориџин“. Мисијата е далеку поамбициозна од неколкуте минути во бестежинска состојба, на двата конкурента во јули. Леталото на „Спејс-Икс“ ќе престојува на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Летот го изнајми американскиот милијардер Џеред Ајзекмен – 38-годишниот основач и извршен директор на „Шифт-4 пејмент“, но исто така, и искусен пилот. Точната сума што тој ја платил за летот, не е објавена, но гласините говорат дека станува збор за десетици милиони долари.

– Не е дека не постои опасност!, рече Ајзекмен во документарецот на Нетфликс за мисијата. – Летате со ракета со брзина од 28.000 километри на час околу Земјата. Постојат ризици во такви услови.

„Спејс-Икс“ веќе достави астронаути на МВС за американската вселенска агенција – НАСА, и тоа 10 пати. Ова ќе биде прв вселенски лет без професионални астронаути.

Полетувањето е закажано за 02:00 часот по полноќ на 16 септември по македонско време, а леталото ќе полета од космодромот на НАСА – „Кенеди“ на Флорида.

Најнови вести

Коронавирус