недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Пророштва кои ја заледуваат крвта во вените, а за кои не сте слушнале

Пророштва кои ја заледуваат крвта во вените, а за кои не сте слушнале

Нострадамус, Тарабичи, Баба Ванѓа … Овие се авторите на најпознатите пророштва, кои ја добиле својата комерцијална намена. Постојат илјадници помалку познати предвидувања за кои никогаш не сте слушнале.

Меѓу оние помалку познати се и четири за кои навистина треба да знаете, особено за предвидување на опасности и можни катастрофи во иднина.

Пророштвото на Хилдегарда Бингенска

Родена е во 1098 година и го посветила својот живот на Бога. Абес Хилдегарда била монахиња во Бенедиктинскиот манастир. Таа компонирала, пишувала, се занимавала со филозофија и теолошки дебати. Во слободното време, таа имала визии за иднината што започнало уште кога била дете.

Хилдегард го објавила своето животно дело наречено „Скривиас“, кое содржани 26 пророштва и визии. Во суштина, вели дека не ни се пишува добро. Пред крајот на сè што знаете, голема империја (големото царство), која се наоѓа преку океанот и е полна со нации и племиња ќе биде уништена кога ќе се појави комета. Веројатно тоа е Америка.

Исто така, многу земји ќе бидат погодени од земјотреси, невреме и поплави. Колониите ќе го преземат „тигарот и змејот“, како што денес се нарекуваат далечниоисточните земји. Многу други нации ќе гладуваат.

Мирот во Европа ќе се врати само кога Франција повторно ќе стане кралство.

Третата тајна на Богородица од Фатима

Приказната започнува во 1917 година, кога во Португалија две девојчиња и едно момче лично ја виделе Дева Марија. Таа всушност ги посетувала неколку пати и пренела три тајни за блиските настани што ќе се случат со нашата цивилизација.

Две тајни се објавени во документ во 1941 година, објавен од една од девојчињата. Само папата ги добил клучевите од тајните документи во кои се наоѓа запишана третата тајна на Дева Марија од Фатима.

Првите две тајни се однесуваат на Пеколот, Првата и Втората светска војна. Ватикан објавувањето на третата тајна го одложи за 83 години, за конечно во 2000 година на јавноста не и го претстави текст и толкувањето дека тој се однесува на атентато врз папата Јован Павле Втори и прогонството на христијаните ширум светот. И, наводно, тоа е сè.

Всушност, многумина веруваат дека последниот лист од пророштвото останал скриен, односно текстот претставен пред јавноста во 2000 година не е баш целосен. А има и докази за тоа.

Кардиналите во неколку наврати рекоа дека третата тајна е напишана на едно парче хартија, а не на четири кои беа објавени.

Во третата тајна треба да се наоѓаат информации за апокалипсата, сатаната и црквата. Тоа не е во објавениот текст.

Текстот содржи и опис на Рим во кој сè е уништено и сите се мртви, а папата шета низ сите тие трупови, се искачува на рид и таму и него го убиваат. А, тоа некако не личи на атентат врз Јован Павле Втори. Исто така, ако се остварила третата тајна, зошто по атентатот на папата чекаа уште дваесет години да го објави? Но, тоа не е сè.

Дева Марија секогаш зборувала во јавувањата дека сето ова може да се избегне ако човештвото се сврти кон љубовта, наместо омразата. И што е најважно, клучната порака беше дека е неопходно преобразба на Русија и дека во Руската црква многу ќе страда и дека Русија ќе го загрози целото човештво.

Треба да знаете дека тоа беше само неколку месеци пред Октомвриската револуција и се толкува како најава за тоталитаризам под Сталин. Затоа Јован Павле Втори беше лично посветен на напорите да се стави крај на Студената војна и да се демонтира „империјата“ СССР.

Дева Марија на децата им го најавила својот последен настап за 13 октомври 1917 година. Таа напомена дека тогаш ќе се случи таканареченото „чудо на сонцето“.

И тоа брзо се дозна, а околу 100.000 луѓе се собраа во Фатима за да сведочат дека чудото навистина се случило. Сонцето прво се појавило од облаците. Потоа, добило ореол од различни бои, кои паѓале како виножито. На крајот се поместило на хоризонтот. Сите 100,000 луѓе и неколку десетици новинари тврдеа дека не виделе ништо слично во нивниот живот.

Пророштвото на Алоис Ирлмаиер

Алоис Ирлмаиер бил обичен физички работник од Фрисласинг во Баварија. Сепак, тој покрај силата, имал и други, поинтересни вештини. Тој знаел некои работи што не треба да ги знае, зборувале дека е видовит.

Според легендата, тој им помогнал на многумина да ги најдат своите најблиски по Втората светска војна. И поради популарноста што брзо ја стекнал, завршил на суд обвинет дека се занимавал со вештерство. Судот го ослободил кога точно опишал каква облека носи неговата сопруга тој ден и што точно правела.

Алоис исто така го предвидел и денот на неговата смрт, но и уште некои други ситници. Тој тврди дека третата светска војна ја видел како во филм и нагласил дека таа ќе се води на Блискиот исток и Медитеранот, каде би се судриле најголемите светски сили.

„Војната ќе започне кога двајца мажи убиваат трето значајно лице. Платени се за тоа. Убиството ќе се случи на Балканот. Пред војната тоа ќе биде многу плодна и богата година. Војната ќе дојде без предупредување, преку ноќ. Ја гледам прашината. Гледам три броја. Две осумки и девет. Не знам што значат и не го знам датумот или времето кога ќе се случи тоа“, тврдел Алоис.

Пророштвото на Свети Нил од Синај

Свети Нил бил христијански монах од Синај. Живеел во петтиот век и зад себе оставил мало пророштво. Никогаш не е докажано дека тој навистина го напишал, но секако е интересено.

Да речеме дека еинтересно оти ги предвидел авионите, подморниците и телефонските врски. Можеби дури и Интернетот.

„Луѓето ќе најдат начин да разговараат од едниот крај на светот со другиот крај“, тврдел тој пред околу 1.600 години.

„По 1900 година и во дваесеттиот век, луѓето ќе станат непрепознатливи. Кога ќе дојде време за доаѓање на антихристот, луѓето ќе бидат без чест и достоинство. Светот ќе се промени. Ние нема да можеме да ги разликуваме мажите од жените заради бесрамното облекување и косата. Алчноста ќе преовладува. Луѓето ќе летаат како птици и ќе нуркаат до океанското дно. Но, кога ќе го постигнат сето ова, овие несреќни луѓе нема да знаат дека тие всушност се во служба на антихристот“, вака гласи крајот на неговата порака.