вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Занимливости

Пронашле закопан сеф во дворот, но кога го отвориле се шокирале

Пронашле закопан сеф во дворот, но кога го отвориле се шокирале

Детскиот сон за пронаоѓање на скриено богатство им се оствари на еден пар од Њујорк кога во дворот на својата куќа нашле сеф полн со злато, дијаманти и пари.

На крајот сепак се дознало дека 52. илјади долари кои ги нашле закопани им припаѓале на нивните соседи кои биле ограбени седум години претходно.

Богатството во дворот Метју и Марија Емануел го нашле кога изнајмиле работници да им посадат нови дрва. Досега живеаја во куќа веќе четири години потполно несвесни што крие нивниот двор.

Дури кога елен ги изел остатоците од старото дрво ја здогледале кутијата.

-Не сфативме дека станува збор за сеф, мислевме дека внатре има некои кабли од струја, објаснува Метју.

Работниците ја извлекле кутијата, а внатре биле пронајдени златни прстени, вклучувајќи и вереничк прстен, банкноти од по 100 долари полускапоцени камења.

-Беше неверојатно. Внатре имаше хартија со адреса на нашите соседи. Им тропнав на нивната врата и ги прашав дали некој ги ограбил, а тие потврдија. Госпоѓата беше во шок, открива Метју и додава дека полицајците и рекле оти по грабежот никогаш веќе нема да ги видат своите работи.

Грабежот се случил во 2011. година, а соседите не сакале да го откријат својот идентитет.