недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Занимливости

Пронајдено писмо старо 50 години – девојчето кое го напишала погодила што ќе се случува во иднина

Пронајдено писмо старо 50 години – девојчето кое го напишала погодила што ќе се случува во иднина

Во стар тросед е пронајдено писмо од 1969 година во кое девојче опишува како го гледа животот во иднина, а нејзините „предвидувања“ главно се исполнија.

Писмото го пронашле сопружниците Роза и Питер Бекертон за време на реставрацијата на старо парче мебел, а авторот, тогаш ученичка, не е познат. Датумот на есејот е 23 февруари 1969 година, а според „Сан“, писмото го напишала 11-годишно девојче која имала задача да напише каков би бил животот во 1980 година.

Девојчето претпоставило дека ќе постои видео повик, но некои работи сè уште не се реализирани, како што се добивањето на сите оброци од гума за џвакање.

– Телефонот беше квадратна кутија со слушалки одозгора. Но, сега можете да ги видите луѓето со кои разговарате. Има екран каде ги гледате, нешто како телевизија, напишала во писмото кое еден од нејзините наставници го прегледал и ги означи корекциите со црвена боја.

Сè се смени од мојата 11 година и кога отидов на училиште. Телевизијата денес е голем екран што го контролираме со седење и притискање на копчињата на задниот дел од столот. Јас сум мажена и работам во банка, заработувам пари.Јас секогаш го сакав тоа. Мојот сопруг доаѓа наскоро дома. Но, јас не морам да готвам за него како што тоа го правевме во 1969 година. Сè што треба да јадеме е гума за џвакање. Можеби мислите дека немаме доволно, но вие повторно грешите затоа што парче гума за џвакање е храна. Џвакаш и ја чувствуваш храната. Еве го мојот сопруг. Притиснете го копчето, мила. Нашата врата е електрична и така се отвора, напиша автор, кој сега треба да има околу 62 години.

ЕУРО 2020

Македонија