петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Професорка имала секс со малолетник дома додека нејзиното семејство било внатре: Имала пет слични афери (ФОТО)

Во август преку Фејсбук признала дека користи алкохол во текот на својата условна казна, па поради тоа помина 30 дена во затвор.
Професорка имала секс со малолетник дома додека нејзиното семејство било внатре: Имала пет слични афери (ФОТО)

Поранешната помошничка професорка, која имала секс со 17 ученик, сега повторно заврши во притвор затоа што по втор пат ја прекршила условната казна. Сексуалните средби со ученикот ги имала додека сопругот и децата и биле во куќата.

40 годишната Киша Нуколс од Индијанаполис е уапсена на 3 јануари, поради кршење на условната казна, затоа што својот мобилен телефон него забележела во регистарот за сексуални престапници.

Таа ќе биде задржана до сослушувањето кое ќе се одржи на 1 март, пренесува Дејли Мејл. Ова е втор пат да е обвинета за кршење на условната казна.

Во август преку Фејсбук признала дека користи алкохол во текот на својата условна казна, па поради тоа помина 30 дена во затвор.

Полицијата дошла во нејзината куќа и ја затекнала со 14 шишиња алкохол и чаша со црно вино покрај креветот. Меѓутоа, таа прво дошла во судир со законот во 2016 година поради сексуален прекршок. Таа била помошничка професорка во периодот кога го направила ова кривично дело. За ова била осудена две години условно.

Обвинета е за заведување дете, делела експлицитни фотографии и признала дека имала секс со 17 годишен ученик во повеќе прилики.

Исто така, признала дека имала врска со уште пет моментални, но и поранешни ученици во училиштето. Жртвите на полицијата и кажале дека таа прво со нив стапила во контакт преку социјалните мрежи, како што се Снепчет, Твитер и Инстаграм, а дека потоа лично ги прашала за секс.

Според судските документи, таа секс со ученикот имала во својата куќа. На момчето му рекла дека мораат да бидат тивки, затоа што во домот биле мажот и децата.

Секс имале и во автомобил на паркинг, а еден од автомобили наводно припаѓа на нејзината ќерка.

Кога и била изречена казната минатата есен, таа кажала дека го посрамотила семејството, училиштето и целата заедница. Истакнала дека никогаш не смеела да има секс со ученици.

Коронавирус