сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 11
home Занимливости

Преживеал две трансплантации на лице: Се навикнувам на својот нов идентитет

Преживеал две трансплантации на лице: Се навикнувам на својот нов идентитет

Хемон моментално се навикнува на својот трет идентитет, откако претходно лице било отфрлено од неговото тело.

Џером Хемон е прво лице во светот кое имало комплетна трансплантација на лице и тоа дури два пати.

Хемон моментално се навикнува на својот трет идентитет, затоа што претходните две лица неговото тело ги отфрлило.

Првата операција ја има во 2010 година во Париз, меѓутоа после тоа се разболел, а лекарот му препишал антибиотици кои не биле прикладни со неговата терапија на лицето.

Неговото лице со текот на времето почнало да се „распаѓа“, а подоцна морал повторно на операција во 2016 година. Тогаш дури два месеца бил во болница без лице и чекал донатор.

Тој пати од ретка генетска мутација која предизвикува тумори кои му го деформираат лицето.

Неговото ново лице моментално е затегнато и без движење, затоа што неговото тело прво мора да се навикне на него. Докторите велат дека се воодушевени од храброста која Хемон ја покажал во оваа трагична ситуација.

-Се чувствувам добро во својата кожа. Само едвај чакам да се ослободам од се ова, изјави Хемон после операцијата, мислејќи на силните терапии кои мора да ги помине.

Неговиот донатор е 22 годишно момче, кое неодамна загинало.

Се проценува дека на светот околу 40 трансплантации на лице од 2005 година, кога е спроведена првата операција на Французинката Изабел Дионир.

Коронавирус