среда, 5. август 2020. Вести денес: 178
home Занимливости

Претставување на првото инклузивно дигитално мени

Претставување на првото инклузивно дигитално мени

Тимот Mind Benders, кои се меѓу победниците на годинашниот младински предизвик „Генерација без граници!“ утревечер од 19 часот ќе биде промовиран онлајн Запознајте се со Digital Menu и ќе биде претставенa нивнaта идеја –  инклузивно дигитално мени.

Од СмартАп повикуваат на тимот да му бидат предложени насоки за подобрување на апликацијата  Digital Menu и платформата: www.digitalmenu.mk.  Апликацијата е бесплатна за користење и достапна за сите.

-Оваа среда запознајте се со тимот Mind Benders и дознајте што е тоа што го прави овој тим уникатен, која е приказната што ги прави посебни и како дојдоа до самата идеја и функционалностите на ова прво инклузивно дигитално мени, соопшти SmartUp – Social Innovation Lab.

За најмладите да го поминат времето дома на нов и интересен начин, СмартАп ја препорачува и платформата  www.eduino.gov.mk со најнови игри и активности приспособени за учење и игра во домашни услови.

На платформата  Едуино е достапна за учење и забава Отворената библиотека со активности и игри за деца од 3 до 10 години. (МИА)

Коронавирус