петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Прекумерната живост е повик за узбуна

Прекумерната живост е повик за узбуна

Повеќето луѓе сакаат живи деца, не размислувајќи дека нивната хиперактивност понекогаш одразува некое нарушување во однесувањето. Хиперактивноста е често придружена со дефицит на внимание, за што не постои прецизен одговор зошто се случува тоа, велат експертите.

Докажано е дека наследениот фактор може да биде одговорен за нивната манифестација. До такво однесување можат да доведат и алергии на адитиви во храна, како и чувствителност на хемикалии и други токсини од околината. Дека проблемот воопшто не е безопасен, укажуваат податоците од САД, каде што помеѓу пет и седум проценти од училишните деца имаат изразено нарушување на вниманието и хиперактивност.

Мозокот во развојот е најчувствителен на дејството на жива, олово, полихлорирани бифенили. Овие токсични супстанции влијаат врз нарушувањето на вниманието, способноста за учење, интелигенцијата и социјалното однесување. Затоа е многу важно детето да живее во средина со што е можно помалку токсичност. Ова значи избегнување паркинзи на прометни улици, каде што има многу автомобили, кои, за жал, продолжуваат да го користат оловниот бензин.

Коронавирус