недела, 20. септември 2020. Вести денес: 26
home Занимливости

Прегазија жена и куче, а тоа што го направија потоа на никој не му се веруваше- за пеколната казна допрва ќе зажалат (ВИДЕО)

Прегазија жена и куче, а тоа што го направија потоа на никој не му се веруваше- за пеколната казна допрва ќе зажалат (ВИДЕО)

Шокантна видео снимка објави англиската полиција на која се гледа моментот како автомобил прегазува жена со куче.

На снимката се гледа како една жена додека го шета својот миленик во градот Бирмингем во Англија ја удира автомобил од марката Рено Клио, а заедно завршуваат во тревата надвор од патот.

По несреќата двајца мажи и една жена излегуваат од автомобилот и започнуваат да бегаат оставајќи го својот автомобил и не спасувајќи ја жената.

Пешакот инаку преживеал, но се здобил со сериозни повреди и скршеници на ногата, додека нејзиното куче починало на лице место.

Полицијата ја објави оваа видео снимка за да апелира брзо пронаоѓање на насилниците, особено и на вториот автомобил кој застанува и ги презема тројцата кој ја згазија жената.

Според полицијата двата автомобили најверојатно патувале заедно и луѓето во нив се знаеле, погледнете.

Коронавирус