петок, 7. мај 2021. Вести денес: 173
home Занимливости

Праќал деца во смрт: Славниот педијатар, по кој е наречен Аспергеровиот синдром, бил дел од машината за убивање на Хитлер

Праќал деца во смрт: Славниот педијатар, по кој е наречен Аспергеровиот синдром, бил дел од машината за убивање на Хитлер

Ханс Аспергер, австриски педијатар кој бил пионир во истражувањето за аутизмот и по кој е и наречен Аспергеровион синдром, активно соработувал со нацистичката програма во рамки на која децата со пореметувања биле убивани, објави весникот „Молекулар аутизам“.

Историчарот Хервиг Чех во текстот напиша дека Аспергер ги упатувал децата со големи пореметувања во озлогласената клиника Ам Шпигелгрунд каде што биле убиени дури 800 деца, дел со инјекција, дел со гас, пренесува Ројтерс.

Откако ја прегледал архивската документација меѓу кои и личните документи на Аспергер, Чех открил дека Аспергер иако не се приклучил во нацистичката партија, он јавно ги поддржувал политиките на расна хигиена, вклучувајќи и насилна стерилизација.

Аспергеровиот синдром, блага форма на аутизам, каде заболените доста добро функционираат, покасно е наречен по него, наведува британската новинска агенција.

Коронавирус