петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 187
home Занимливости

ПОВТОРНО СРУШЕН РЕКОРДОТ: Играта „Супер Марио“ продадена за 1,56 милиони долари

ПОВТОРНО СРУШЕН РЕКОРДОТ: Играта „Супер Марио“ продадена за 1,56 милиони долари

Играта „Супер Марио“ за конзолата Нинтендо 64 е продадена на аукција за 1,56 милиони долари, што е нов рекорд за видео игра, соопшти американската аукциска куќа „Херитиџ“.

-Ова е прва игра која некогаш е продадена на аукција за над милион долари, изјавил за Франс Прес, Ерик Бредли од аукциската куќа.

„Херитиџ“ веќе го оствари првиот рекорд во петокот со продажбата на играта „Легендата на Зелда“ која е продадена за 870.000 долари.

Играта Супер Марио е од 1996 година и прв пат користи 3Д.

Тоа е единствена позната копија која добила оценка 9,8 А++ од компанијата специјализирана за видео игри Вата.

Локални избори 2021