понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 170
home Занимливости

Поседувањето премногу играчки може да ја намали детската креативност во текот на растењето

Поседувањето премногу играчки може да ја намали детската креативност во текот на растењето

Научниците предводени од терапевтката Алексија Мек од универзитетот во Толедо во Охајо, ја проучувале врската помеѓу бројот на играчки и начинот на кој децата си играат, вклучувајќи го и времето кое децата го поминуваат играјќи си со одредена играчка.

Исто така, тие ја проучувале и детската креативност како и способноста на децата да замислат, на пример, предмет како тапан или шешир.

Во експериментот учествувале 36 деца на возраст од 18 до 30 месеци. Децата си играле во лабораторија со камери која била уредена како игротека. Во едната просторија се наоѓале четири, а во другата 16 играчки.

Во едната просторија со 16 играчки, децата си играле користејќи повеќе играчки, но во игротеката со само четири играчки, тие се забавувале со една играчка повеќе од 15 минути.

Авторите на експериментот заклучиле дека децата имале поквалитетна игра кога имале помаку играчки и дека тогаш биле покреативни.

Мец и нејзините соработници забележале дека првите обиди за игра биле често површни и едноставни, но кога детето ќе се заинтересира за една играчка, тогаш играта станува пософистицирана и му помага на детето при развивање на концентрацијата.

Играчките кои биле користени во истражувањето не вклучувале електронски уреди и таблети, а само една од четири играчки имала батерија, односно само четири во просторијата со 16 играчки.

Исто така, научниците сметаат дека играчките кои произведуваат врева можат да предизвикаат пореметување во комуникацијата помеѓу родителите и детето.

Коронавирус