петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 67
home Занимливости

Поранешна ескорт дама откри зошто мажите изневеруваат

Поранешна ескорт дама откри зошто мажите изневеруваат

Поранешна ескорт дама која работела за високата класа вели дека оваа професија ја довела во контакт со мажи од сите сфери на животот, па вели дека знае зошто мажите изневеруваат.

Шест години работела како ескорт дама под името Саманта X. Тврди дека мажите кои одлучуваат да изневерат ќе најдат време за тоа без разлика колку им е преполн распоредот, вели таа за Mirror.

Саманта вели дека без разлика на тоа колку нечиј брак изгледа како силен и совршен семеен живот, мажите сè уште може да скршнат од патот. Таа вели дека ескорт индустријата никогаш не доживеала криза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samantha X After Dark (@samanthaxreal) on

Според нејзиното искуство со оженети мажи, нивните причини за неверство спаѓаат во три категории.

Прва категорија се мажите кои имаат нулта блискост со сопругата, понекогаш и со години. Се чувствуваат како „кредитни картички кои одат“, но одбиваат да се разведат бидејќи не сакаат да ги изгубат парите или да ги повредат децата.

Потоа се оние кои велат дека си ја сакаат жената, но признаваат дека сакаат да пробаат и нешто друго бидејќи сакаат нешто поразлично.

 

View this post on Instagram

 

What do men want in bed…? Not what you think.. News.com.au #men #sex #intimacy #relationships

A post shared by Samantha X After Dark (@samanthaxreal) on

Третата категорија е најсложена, тоа се мажи кои се среќни во бракот и кои на прв погледа немаат никаква причина за неверство. Саманта вели дека таквите мажи се одлучуваат за средби со сексуални работнички бидејќи не сакаат да се впуштат во афера која би им донела проблеми. Се трудат да не ги фатат на дело бидејќи не сакаат да си го уништат бракот или да ја повредат партнерката.

Исто така, Саманта истакнува дека најверојатно нивните сопруги знаат за неверствата, но затвораат очи пред вистината бидејќи не сакаат да се соочат со нов почеток во животот.

„Не е моја работа да осудувам. Ако нешто научив од мојата улога како Саманта тоа е дека светот не е совршен, ние не сме совршени луѓе и сите се трудат да бидат најдобри што можат. Отпрвин ми беше тешко да сфатам зошто среќно оженетите мажи бараат интимни средби на друго место. Но, ве уверувам дека и жените изневеруваат, јас имав многу клиенти кои дојдоа бидејќи беа уништени од неверството на нивните жени“, вели Саманта.

Коронавирус