сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 84
home Занимливости

Поранешен пилот на ЦИА: Се што сте слушнале за Месечината е лага

Поранешен пилот на ЦИА: Се што сте слушнале за Месечината е лага

Поранешниот пилот на ЦИА, Џон Лир тврди дека открил скриени структури на Месечината и оти поседува неверојатно фотографии за кои вели дека јасно покажуваат вештачки структури. Тврди дека веќе во овој момент на Месечината живеат 250 милиони луѓе.

Американските астрономи снимиле нешто што потсетува на холограмска проекција на површината на Месечината.

Лир вели дека луѓето на Месечината отишле за време на 40-те и 50-те години од минатиот век користејќи го антигравитациското летало на Никола Тесла.

-Не можам да докажам зашто досега ќе бев мртов, но тоа е логично зашто на што друго американската влада би можела да испумпа толку милијарди долари?, вели Лир.

Во неговите снимки може да се види фотографија снимена во 1946 година. Покажуваат голема експлозија северозападна од кратерот Ендимион.

-Како што знаеме, чадот, прашината или пареата не можат да се движат во вакум. Но, на овие фотографии јасно се гледа како чадот се крева во голем облак кој се подигнува од површината на Месечината и се шири кон врвот на нејзината атмосфера. Тоа би било можно ако на површината на Месечината нема вакум и оти нема само шестина од Земјината гравитација, вели Лир додавајќи дека масата на Месечината всушност изнесува 68,71 отсто од Земјнината.

Според него, Месечината е направена во Јупитер пред 40 милиони години, а за време на постоењето на ледената доба, пред отприлика 15.000 години, со помош на електромагнети е повлечена во орбитата на Земјата. Сето тоа објаснува, вели Лир, откаде Месечината има толку големи градови, цивилизација и база.

-Жителите на Месечината се вонземјани кои донекаде потсетуваат на луѓето. Таму има и „сиви“, но тие живеат под површината на Месечината и работат во огромни лаборатории. Меѓутоа, приказната оди и понатаму. Земјата е казнена планета, односно затвор, а такви планети-затвори има најмалку милијарда, вели Лир.

Тој е внук на основачот на „Лирџета“, Бил Лир. Тој е пензиониран воздушен капетан и поранешен пилот на ЦИА кој управувал повеќе од 100 различни авиони за време на 40 години активното летање.

Тој има повеќе пилотски сертификати од сите други сертифицирани пилоти. Летал над Азија, Африка, источна Европа и на Блискиот Исток.

 

Коронавирус