недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 76
home Занимливости

„Помош, таа не е моја мајка“: Девојче од автомобил бараше спас, а кога полицијата ги застана следуваше целосен шок (ФОТО)

„Помош, таа не е моја мајка“: Девојче од автомобил бараше спас, а кога полицијата ги застана следуваше целосен шок (ФОТО)

Десетина вознемирени возачи повикале полиција во Северна Калифорнија откако на автопат го виделе натписот на едно мало девојче кое гласело „Помош, таа не е моја мајка, помогнете ми“.

Полицијата по неколкуте повици го застанала автомобилот, но таа доживеа уште еден поголем шок.

Се било шега на девојчето кое освен што ја вознемирила јавноста и направи и проблем на својата мајка.

-Таа мислеше дека ќе биде забавно, се наведува во соопштението на полицијата.

Мајката на девојчето не ни видела кога нејзината ќерка го прикачила овој натпис на задниот прозорец.

Кога полицијата потврдила дека се било само шега на девојчето ги пуштила да го продолжат својот пат.

-Ова е уште едно потсетување до родителите дека треба да бидат свесни што нивните деца прават додека се наоѓаат на задните седишта, стои во предупредувањето на полицијата.