среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 15
home Занимливости

Политичар за пример: Премиерот на Индија со голема најлонска кеса го собира ѓубрето од плажа (ВИДЕО)

Политичар за пример: Премиерот на Индија со голема најлонска кеса го собира ѓубрето од плажа (ВИДЕО)

Индискиот премиер, Нарендра Моди на својот „Твитер“ профил објави видео на кое се гледа како собира ѓубре на плажа пред одморалиште во Махабалипурм, каде е домаќин на кинескиот претседател Си Џипинг.

На снимките се гледа како собира отпад на плажаи ги става во голема пластична кеса, пренесува „Ројтерс“.

– Ајде да се погрижиме нашите јавни места да бидат чисти и уредни! Ајде да се погрижиме да бидеме здрави и во форма – напиша на неговиот „Твитер“ профил индискиот премиер Моди.