четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Занимливости

Полицајци дошле да растурат корона-забава и останале подзинети: Казнета баба од 82 години, славела 70-ти роденден на пријателка (ФОТО)

Полицајци дошле да растурат корона-забава и останале подзинети: Казнета баба од 82 години, славела 70-ти роденден на пријателка (ФОТО)

Маурин Хог (82) од Шкотска е казнета затоа што ги прекршила мерките за епидемија и отишла на забава свесно кршејќи ги мерките за корона.

Бабата беше фатена како го слави 70-от роденден на својата пријателка во еден стан. Кога полицијата влегла во станот, биле шокирани кои луѓе ги прекршиле мерките, имајќи предвид дека досега скоро секогаш ги казнувале младите. Сепак, овој пат сениорите добија казни, па непослушната Маурин ќе мора да плати казна од 70 евра затоа што ги прекршила мерките.

Бабата рече дека е среќна што ја платила казната и не жали што отишла на забавата.

Случајот со бабата се дозна кога нејзината внука се пофали на социјалните мрежи дека „има кул баба“. Внуката на Дејзи објави фотографија на Твитер, објаснувајќи како бабата ја добила казната затоа што отишла да го прослави роденденот на својата стара пријателка.

Коронавирус