Многу луѓе веруваат дека линиите на дланките можат да откријат какви сте како личност, по карактер, доблести и маани. Читањето од дланка е познато и како хиромантија.
Хиромантијата долго време се практикува, а се појавила заедно со Хинду астрологијата.
Едно интересно прашање кое го поставува оваа вештина е дали на вашата рака е испишана буквата „М“:
Оваа појава не е така честа, а открива посебни работи за оние личности кои ја имаат.
Ако имате буква „М“ на раката:
- Надарени сте
- Имате силна интуиција
- Искрени сте и тоа го очекувате од другите
- Не ви пречат промените во животот
- Умеете да препознаете кога луѓето ве лажат
- Имате карактеристики на добар водич
- Добри сте во новинарство, пишување и образование
- Знаете како да дојдете до пари
- Знаете сами да се мотивирате и да напредувате
- Дисциплинирани сте