недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Поевтино и потопло- совети за потопол дом

Поевтино и потопло- совети за потопол дом

Овие два евтини и практични совети ќе ви помогнат уште повеќе да го затоплите својот дом, а за тоа да не плаќате дополнителни средства.

На ѕидот зад радијаторот залепете каков било рефлективен материјал, на пример алуминиумска фолија за домаќинство или фолија за заштита од сонце на ветробранското стакло на автомобилите. Радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, па топлината ќе престане да излегува преку надворешните ѕидови и ќе се рефлектира директно во вашата просторија.

Ставете парче алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да е однадвор, па поставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Се разбира, страната со фолијата треба да гледа кон радијаторот.

Како да заштедите и да не плаќате високи сметки за струја – едноставни трикови

Еве неколку практични совети како можеме да заштедиме енергија и да бидеме енергетски ефикасни:

Одберетe машина за перење на алишта со соодветна големина; големината на ладилникот треба да одговара на потребите на домаќинството; оптималната температура во замрзнувачите е -180 C, а во фрижидерот 50 C;

Сонцето е светилка на природата. Додека тоа свети не пали ја собната светилка; ладилникот и апаратите за замрзнување со јак изолатор на топлина се можеби поскапи од нормалните, но користат и до 40% помалку електрична енергија; одржувајте пониска температура и во просториите кои не ги користите, од просториите кои ги користите;

Светилките кои штедат енергија, се всушност поскапи од обичните светилки ама затоа долго траат и штедат електрична енергија; секогаш е потребно да користиме капак на садовите, со тоа го скратуваме времето за готвeње и трошиме помалку енергија;

Автомобилите на бензин не се енергетски ефикасни и ја загадуваат околината; користете енергетски ефикасни светилки, тие трошат и до 70% помалку енергија од светилките со зажарено влакно, траат и до 10 пати подолго и оддаваат „природно белa“ светлина од која не се напрега видот;

Навлечените завеси и спуштените ролетни навечер ја чуваат акумулираната топлина; чистете го бигорот од грејачот на бојлерот за топла вода на секои 18 месеци;

Дали сте знаеле дека:

Енергијата потребна за осветлување на една просторија, може да биде доволна за осветлување на целиот дом. За 1 KW потрошена електрична енергија, можат да се сварат 90 кафиња, да се користи пет часа интернет, да испеглате 11 кошули, да испечете една торта. За една сијалица од 100 вати да свети цела година нон стоп потребни се 876 KW електрична енергија. А за истата да се произведе потребни се 324 килограми јаглен да се изгори, 15 грама ураниум, 64 килограми природен гас, 1 ветерна турбина. За трипати да се исфенирате, треба да се изгорат 370 килограми.