На социјалните мрежи, деновиве се споделува интересна приказна во која еден татко успеал да ги надмудри и „скроти“ своите ќерки тинејџерки, а истата е одлична поука за сите родители.
Во продолжение, ви ја пренесуваме во целост:
„Мојот пријател рано остана без сопруга и стана самохран татко на две девојчиња. Тие беа добри деца, сè додека не влегоа во пубертет. Тогаш станаа умислени и бараа сè можно од нивниот татко, а за возврат не даваа ништо.
Бараа скапа облека, луксузни телефони, сè што ќе посака еден тинејџер. Тој можеше да им го обезбеди тоа, но во еден момент однесувањето на девојките го наведоа да им одземе сè.
Бевме кај нив на вечера и мојот пријател готвеше, но не стигна да ги измие садовите и да го потсреди домот. Тогаш ги замоли ќерките: ‘Девојки, сè е хаотично, можете ли малку да ми помогнете? И вашите соби се неуредни.’
‘Зошто нѝ командуваш? Немаш право да нè тераш да го правиме она што не сакаме, законот вели дека сами одлучуваме’, му одговорија полни со себе и ‘одмаршираа’ во собите, со трескање на вратите.
Пријателот само немо зјапаше во нивните врати неколку моменти, па се врати на нашиот разговор. Искрено, многу ми беше жал, во себе вриев од бес и размислував која би била најдобрата казна за овие умислени девојчиња, доколку јас им бев родител.
Го набљудував пријателот – тој делуваше како целосно да заборавил што се случи. Седевме кај него уште неколку часа, а девојките повеќе не излегоа од своите соби. Се понудив јас да ги измијам садовите, но тој љубезно одби и рече дека нема потреба.
По неколку дена, пиевме кафе и повеќе не можев да издржам да не го прашам како толку мирно го толерираше одвратното однесување на ќерките и како мисли да излезе на крај со нив.
Се насмевна и рече: ‘Во рок од 2 дена целосно се променија. Сега домот е чист и уреден, а почнаа и да готват по нешто’.
Го прашав како, искрено верувајќи дека тоа не е вистина. Ми одговори:
‘Таа вечер чекав да заспијат, па влегов во нивните соби и ги земав нивните лаптопи и мобилни телефони, новите патики, јакните и торбите, ги спакував во ќеса и ги сокрив во багажникот од автомобилот. Садовите и нередот во домот го оставив уште полош од претходно, а на бирото на една од ќерките оставив порака на лист хартија:
По закон не морате да имате лаптоп. Ако ви треба за учење, одете во училишната библиотека. По закон не мора да имате скап телефон, не мора воопшто ни да имате телефон. По закон морам да ве облечам, но не во најскапата облека. Пронајдете ги вашите стари јакни и патики, а дали се модерни, тоа не ме интересира. Ве сака вашиот татко, по закон’.
Потоа ми објасни дека тој ден за првпат се вратил дома во уредна куќа и затекнал наместени кревети, испеглани алишта…
Тој е свесен дека тоа го направиле за да им ги врати телефоните, компјутерите и облеката, но не се грижи. Верува дека ја научиле лекцијата дека ако нешто сакаш да добиеш, мораш и нешто да дадеш.
Што би рекол тој: По закон!“.