сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

По пауза од 45 години Саудиска Арабија ќе добие кино

По пауза од 45 години Саудиска Арабија ќе добие кино

Најголемиот ланец на кина во светот „АМЦ“ ќе отвори 40 кино сали во 15 саудиски градови во наредните пет години, па така граѓаните на ова конзервативно кралство по пауза од 35 години ќе можат да уживаат во филмовите на големото платно.

Првото кино ќе биде отворен на 18. април и тоа со проекција на акциониот филм Црн пантер.

ВО минатите години забележан се големи напори забавната индустрија да се врати во Саудиска Арабија во проектот „Визија 2030“, што е амбициозен економски и социјален реформски проект на принцот Мухамед бин Салман.

Конзервативното муслиманско кралство имаше кино сали во 70-тите години, но тие се затворени по барање на тврдокорните исламски поглавари.

Во пресрет на оваа одлука, големиот муфтија Шеик Абдул Азиз ел Шеик не го промени своето мислење, повторувајќи го своето мислење оти тоа е изопачен вид на забава.

Коронавирус