понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Писмо од Фројд на аукција, почетна цена – 6.000 долари

Писмо од Фројд на аукција, почетна цена – 6.000 долари

Новооткриено рачно напишано писмо од Зигмунд Фројд, ќе биде ставено на аукција во Ерусалим, на 3 декември. Почетната цена е 6.000 долари.

Писмото на историски познатиот невролог, датира од 21 јуни 1938 година. Напишано е на германски јазик и ја покажува малку познатата сентиментална страна на „таткото на современата психоанализа“.

Записот настанал неколку недели откако Фројд побегнал од нацистите од родната Австрија во Лондон.

Писмото е до филантропката Маргарет Стоунбороу-Витгенстин, пациентка на Фројд, и негова сонародничка. Фројд во него ѝ изразува сочувство поради самоубиство на поранешниот нејзин сопруг, а и ја прашува што се случува во Виена под нацистичка власт.