петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 119
home Занимливости

Писмо на Ајнштајн продадено за повеќе од 100.000 долари- еве што било напишано во него

Писмо на Ајнштајн продадено за повеќе од 100.000 долари- еве што било напишано во него
SEOUL, SOUTH KOREA - JULY 1: A miniature statue of Albert Einstein is seen an exhibition commemorating the 100th anniversary of the publication of late German-born physicist Albert Einstein's Theory of Relativity at a science museum on July 1, 2005 in Seoul, South Korea. The revolutionary theory led to a complete revision of the scientific understanding of space and time. (Photo by Chung Sung-Jun/Getty Images)

Писмо на физичарот Алберт Ајнштајн, напишано во Берлин во 1928 година, е продадено на аукција во Ерусалим за 103.700 долари (83.500 евра). Името на купувачот не се соопштува.

Ајнштајн во писмото, инаку напишано на германски јазик, говори за „третата фаза на Теоријата за релативитетот“, а го испратил на свој колега.

На аукцијата се продадени и други писма, фотографии и автограми на Ајнштајн, кој инаку е добитник на Нобеловата награда за физика од 1921 година.

– Овие писма ја откриваат сложеноста на големиот ум, изјави Гал Винер, директор на аукциската куќа „Винерс“.

Ракописна порака, односно совет на Ајнштајн за „тајните на среќата”, лани во октомври, исто така во Ерусалим, беше продадена за 1,56 милиони долари.

Коронавирус