недела, 23. септември 2018. Вести денес: 67
home Занимливости

Пијана невеста збесна на свадба: Си го претепа сопругот, неговата баба и кумовите

Пијана невеста збесна на свадба: Си го претепа сопругот, неговата баба и кумовите

Венчавката би требало да биде најсреќниот ден во животот на невестата и младоженецот, но во Баварија поради алкохолот тоа не беше случај. 

Една невеста, според соопштението од полицијата, испила премногу алкохол, и потполно пијана почната да тепа повеќе лица на свадбата.

Меѓу жртвите бил и младоженецот, кој поради тоа што не можел да ја смири, повикал полиција да интервенира.

Кога чуварите на безбедноста пристигнале на венчавката невестата веќе го претепала младоженецот, неговата баба и кумовите. Потоа се затворила во една просторија, од која излегла дури по долгите преговори со полицијата.

Од сопствената венчавка е одведена со лисици и покрената е постапка поради нанесување на телесни повреди.

Во извештајот на полицијата не се наведува зошто невестата „одлепила“ и почнала да тепа се околу неа.