сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 31
home Занимливости

Пензионерка копала во парк, па пронашла скапоцено изненадување: Вакво нешто никогаш не било видено (ФОТО)

Пензионерка копала во парк, па пронашла скапоцено изненадување: Вакво нешто никогаш не било видено (ФОТО)

Жена од Колорадо пронашла 3-каратен дијамант само 10 минути после трагањето во државниот парк во Арканзас.

Портпаролката на паркот, Мег Метјуз изјавила дека 71-годишната пензионерка од Аурора, Колорадо, побарала да остане анонимна.

Најпрво помислила дека е парче стакло и му го дала на синот додека таа со останатите членови од семејството продолжила да трага по драгоцени камења.

После еден час го однела својот „улов“ на вработените во паркот од кои всушност дознала дека нашла дијамант од 2,63 карати, што е најголем дијамант од сите 256 драгоцени камења пронајдени во овој парк.

Инаку, станува збор за парк, кој е еродиран вулкански кратер, кој на посетителите им дозволува да го задржат она што ќе го најдат. Вработените во паркот не пружаат услуги на проценка на вредноста на пронајденото богатство.

Најнови вести

Коронавирус