недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Занимливости

Пеколниот лет снимен и од воздух и од земја- се запали еден од моторите на Боинг 777, а потоа следуваше хорор за патниците (ВИДЕО)

Пеколниот лет снимен и од воздух и од земја- се запали еден од моторите на Боинг 777, а потоа следуваше хорор за патниците (ВИДЕО)

Авион на филипинската компанија кој од Лос Анџелес требало да лета за Манила принудно слетал кратко откако полетал поради расипан мотор.

Никој од 347 патници и 18 членови на посадата не се повредени.

До инцидент дошло кога пилотот на Боинг 777 објавил вонредна ситуација и можен дефект на моторот, соопштил портпаролот на аеродромот во Лос Анџелес, додека еден од патниците рекол дека видел пламен од моторот.

По пријавата за дефект на моторот  авионот со сите патници се вратил на аеродромот, каде е изгасен пламенот.

Се наведува дека принудното слетување не го загрозило летот на останатите летови.

Засега не е јасно поради што настанал пожарот во авионот.

Коронавирус