петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Патници го платиле ненадејниот дефект на авионот пред да полетаат

Патници го платиле ненадејниот дефект на авионот пред да полетаат

Летот од Пекинг кон Варшава бил одложен за 10 часа, бидејќи кај авионот што требало да полета се појавил дефект, па морало да се повика мајстор. Меѓутоа, на крајот тој побарал да му платат во готовина, па луѓето од екипажот ги замолиле патниците да помогнат кој колку може.

Тие собрале 520 долари, колку што било потребно, а пилотите и стјуардите велат дека поради тоа летот доцнел 10 часа.

Според авиокомпанијата, пак, „иако вработените имале добри намери, нивната одлука била погрешна“, се наведува во соопштението.

Парите им биле вратени на патниците веднаш по слетувањето во Варшава.

Коронавирус