петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 192
Во живо

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Занимливости

Овој септември е меѓу 4 -те најтопли во претходните 42 години

Овој септември е меѓу 4 -те најтопли во претходните 42 години

Овој септември беше глобално еден од четирите најтопли од почетокот на мерењата во 1979 година, објави денеска Европската служба за климатски промени Коперник.

Како што се наведува, веројатно е вториот најтопол септември, после минатата година. Во соопштението на службата Коперник се наведува дека во Источна Европа било постудено од просекот.

Некаде во Европа, во септември беа забележани рекордни температури, додека во Источна Европа беше постудено од просекот.

Поради тоа, како што се наведува, просечната температура во Европа била близу просечната за периодот од 1991 до 2020 година, пренесува Индекс.

Надпросечни температури за септември се забележани во северозападна Африка, како и во Јужна Америка и делови од Кина.

Европската служба Коперник објавува месечни извештаи за температурата на воздухот, мразот и циклусот на водата од 1979 година, потпирајќи се на податоците од сателитите, бродовите, авионите и метеоролошките станици ширум светот, но и сопствените модели.

Коронавирус