недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Овие три работи треба да ги фрлите од вашиот дом: Влијаат врз вашиот мир и прават да се чувствувате лошо

Овие три работи треба да ги фрлите од вашиот дом: Влијаат врз вашиот мир и прават да се чувствувате лошо

Како што пишува mydoiman.com начелата на фенг шуи, многу јасно укажуваат кои предмети треба да ги задржиме, а од кои треба да се ослободиме.

Според Енџи Чо, стручњак за фенг шуи, просторот во кој престојуваме може и тоа како да влијае на количината на стрес кој го чувствуваме секој ден.

Доколку ги имате овие предмети во домот, размислете да се ослободите од нив.

Суво цвеќе

Исушените цветови или гранки се непосакувани во светот на фенг шуи, бидејќи симболизираат распаѓање.

Несакани подароци

И покрај најдобрите намери, веројатно не постои личност која никогаш не добила подарок кој не го сака. „Можеме да го цениме гестот, но задржувањето на нешто што не сме го сакале, влијае на нашиот мир и среќа”, вели Чо и советува таквите подароци да му ги подариме на некој кој ќе знае да ги цени.

Скршени предмети

Кој  нема вакви предмети во домот? Ги оставаме некаде на страна, чекајќи момент кога конечно ќе ги поправиме. Освен што зафаќаат простор, според начелата на фенг шуи, ваквите предмети шират лоша енергија.

Најчесто, поправката ќе се одложи со месеци, па дури и години. Предметите кои го чекаат редот за поправка, секогаш кога ќе ги видиме не потсетуваат на обврската која не сме ја исполниле, па се чувствуваме лошо. Со други зборови, собираме обврски кои требало одамна да ги завршиме.

Коронавирус