четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Занимливости

ОВИЕ ТРИ ЦВЕЌИЊА ПОСАДЕТЕ ГИ ВО АПРИЛ: Раскошно ќе цветат се до месец октомври (ФОТО)

ОВИЕ ТРИ ЦВЕЌИЊА ПОСАДЕТЕ ГИ ВО АПРИЛ: Раскошно ќе цветат се до месец октомври (ФОТО)

Наскоро конечно ни доаѓа летото и топлото време, време е после студената зимска пауза да се вратите и да и се посветите на градината.

За да ви биде градината цветна ова лето па се до есента ви се потребни овие три цвеќиња.

Тие цветат раскошно и долго притоа не бараат претерана нега, а месец април е вистинското време за да се засадат.

Љубичиците често се садат во текот на есента, но април е погоден за садење на ова цвеќе. Цветовите најчесто се големи и во неколку бои со задолжителни бели и жолти детали.

Цинијата е исто така идеално цвеќе за во градината.

Ова цвеќе има цврсто стебло и може да се пронајде во различни бои, се одгледува на отворено и сака многу светлина.

Во месец април се сади семе, а потоа пожелно е да се расади, а веќе за 6 до 8 недели ќе започне и активно да цвета до крајот на октомври.

Третото цвеќе за оваа пролет е кадифата која се сее рано напролет и отпорна е на сите временски услови. Таа бара вода и расте до 25 сантиметри.

Прецветаните цветови редовно се отстрануваат, а ова растение се смета за едногодишно иако можете семето да го соберете за наредната пролет.

Коронавирус