Авторите на популарната детска песна „Бебе ајкула“ (Baby shark) направиле нова, прилагодена верзија, која би можела да ви помогне да им ја објасните на децата важноста на миењето раце и да ги охрабрите тоа почесто да го прават.
Песната дава детално упатство за тоа како ефективно да се мијат рацете и да се спречи можноста на ширењето на вирусот, со добро познатиот рефрен. Оваа песничка советува и дека треба да се кашла во лакт и да се кива со покриена уста.
loading...