четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 180
home Занимливости

Ова се најдобрите градови за работа од дома за 2021 година

Ова се најдобрите градови за работа од дома за 2021 година

Сѐ повеќе луѓе кои работат од дома поради пандемијата со Ковид-19, естонската престолнина Талин е најдобриот град во светот за работа од дома, според рангирањето на „Биг 7 травел“ (Big 7 Travel).

Рангирањето на „Биг 7 травел“ е според различни фактори – прифатливи трошоци за живот, брзт Ви-Фи и удобни паркови и ресторани.

Естонија изминативе години дозволи работа од дома во земјата и до една година. А, што е уште поважно, дигиталната економија таму е во пораст. Всушност, 99 отсто од јавните услуги се 24/7 достапни на интернет, а трошоците за живот се релативно ниски. На пример стан под наем во центарот на главниот град чини околу 500 американски долари.

Тбилиси, главниот град на Грузија, е на второто место. Во жариштето на пандемијата, земјата дозволи работа од дома за да се овозможи непречена и непрекината работа.

Третото место му припаѓа на Белград, Србија, поради многуте кафеани, галерии, продавници и непрекинатиот интернет од 24 мегабајти во секунда. Следуваат Бали (Индонезија), Чијанг Маи (Тајланд), Берлин (Германија), Сингапур, Буенос Аирес (Аргентина), Ханој (Виетнам) и Љубљана (Словенија).

На 13-то место е турскиот град Истанбул, еден од културно најбогатите градови во Европа, со вековна историја и со, според многумина со најдобра храна на континентот.

Вториот по големина град во Грција, Солун е рангиран на 16-то место на списоков. Тој е опишан како древен, живописен град во срцето на Средоземјето… Добра храна, љубезни околни жители и прекрасна природна околина. Има и сигурна интернет-брзина од 15 мегабајти во секунда, високо ниво на безбедност и ниски трошоци за живот. Натаму, Солун има и „огромен број шармантни кафулиња, совршени за попладневна работа“, се наведува во описот.

Други европски градови сместени во Топ 50 листата се Порто во Португалија – на 31. место, Мадрид, Шпанија – 32-ри, Будимпешта, Унгарија – 38-ма, Цирих, Швајцарија – 44-ти, повторно Португалија, со Лисабон – 46-ти, Прага, Чешка – 47-та и Лас Палмас, на Канарските острови, Шпанија – 48-ми на листата.

Најнови вести

Коронавирус