понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Ова се 10 највалкани работи во вашиот дом- секојдневно ги допирате

Ова се 10 највалкани работи во вашиот дом- секојдневно ги допирате

Иако некои предмети на изглед наликуваат на чисти, сепак во реалноста тие се прилично валкани, но човечкото тело на неверојатен начин се адаптира на нечистата околина на тој начин што создава имунитет кон бактериите и болестите што можат евентуално да му наштетат по здравјето.

Според ranker.com, погледнете кои се највалканите работи што секојдневно ги допираме без да бидеме свесни колку тие всушност се валкани.

1. Парите

Сите ги сакаат парите, но никој не ги сака бактериите што доаѓаат заедно со нив. Според истражувањата направено во САД, на една банкнота биле пронајдени 135.000 бактерии. Единствениот начин за справување со ова е честото миење на рацете.

2. Прекинувач на светла
Допирањето со нечисти раце значи пренесување на бактерии на прекинувачите на светло, особено ова важи за прекинувачи што се наоѓаат на јавни места. Бидејќи многу ретко се чистат, на нив може да се пронајдат илјадници бактерии на многу мал простор.

3. Тастатура

Во едно британско истражување, на тастатурите биле пронајдени повеќе видови на бактерии отколку што има во тоалетите. Единствен начин да се исчистат е редовно чистење со крпа и средство за дезинфекција.

4. Мобилен телефон

Ако претходно кучињата беа најдобри пријатели на човекот, тоа сега важи за мобилните телефони. Најновите истражувања во Велика Британија покажуваат дека мобилните телефони се идеални за размножување на илјадници бактерии што се пренесуваат преку лицето и дланките. Не е лошо одвреме навреме да се пребришат со антибактериски марамчиња.

5. Тоалетна школка

Порцеланот на тоалетната школка е идеален за различни видови вируси и болести. Според статистиката, има 295 бактерии на секој милиметар на студената и мазна површина.

6. Количка за пазарење

Иако локалните супермаркети се трудат да ја одржуваат хигиената, и покрај сè, количкитеза пазарење се преполни со бактерии и фекални материи.

7. Далечински управувач

Бактериите најлесно се пренесуваат преку допир, а едно од најчесто употребуваните предмети по домовите или хотелите е токму далечинскиот управувач.

8. Када

Кадата претставува дом на многу токсични бактерии за кои најчесто луѓето не се свесни сè до оној момент кога не се здобијат со некоја уринарна инфекција, пневмонија или некое кожно заболување. Бактериите во кадата се пострашни од бактериите во тоалетната школка. Но, ако се грижите за хигиената на бањата барем еднаш неделно, можете да го минимизирате присуството на несакани бактерии и болести од вас и вашите сакани.

9. Мијалникот во кујна

За разлика од верувањето што владее за кујната, таа може да биде најнечистото место во вашиот дом. Дури 500.000 бактерии можат да се најдат во кујнскиот мијалник, така што само можете да замислете што се случува.

Проблемот можете да го решите сo половина лажичка сода бикарбона измешана со половина чаша оцет. Со смесата измијте ја внатрешноста на мијалникот, а потоа исплакнете со топла вода.

10. Сунгерче за миење садови

Ова е дефинитивно највалканиот предмет во домот и преставува најголемо лежиште на бактерии и со него бактериите само се пренесуваат од едно место на друго. Не е лошо одвреме навреме како превентивна мерка да го ставате во вода што врие или пак често да го менувате и користите исклучиво за миење садови, а не со него да го бришете шпоретот, масата или слично.

Коронавирус