Кога за прв пат видел снег како паѓа во неговиот град, симпатичниот лабрадор Џонси бил толку исплашен што одбил да излезе од својата куќа.
„Тој немаше идеја што е тоа.Сè беше непознато за него“, изјави неговата сопственичка која живее со своето милениче во Тексас, каде снегот е ретка појава.
„Тој се плашеше. Морав да излезам во дворот и да го убедам да оди на прошетка со мене “, додаде таа.
Откако сфатил дека снегот не може да му наштети, неговото однесување се сменило.
View this post on Instagram