понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 118
home Занимливости

Ова е вистинското лице на градот Вухан: Спектакуларна прослава за излегувањето од карантинот (ВИДЕО)

Ова е вистинското лице на градот Вухан: Спектакуларна прослава за излегувањето од карантинот (ВИДЕО)

Како што беше најавено, кинескиот град Вухан во кој за првпат се појави новиот коронавирус, од денеска не е под карантин.

Вухан беше епицентар на коронавирусот кој потоа се прошири низ целиот свет. Досега се заразени скоро 1,5 милиони луѓе, а починаа повеќе од 82.000.

Во Вухан денеска е укинат задолжителниот карантин и сите останати забрани, па животот се враќа во нормала. Укината е и забраната за излегување од градот.

По повод укинување на карантинот, градот огранизираше импресивен лајт-шоу во различни бои, а облакодерите во центарот на градот беа осветлени со пораката „Здраво, Вухан“.

Голем број луѓе со своите автомобили и со возови отпатуваа надвор од градот.

Вухан е главниот град во провинцијата Хубеи во Кина.

Коронавирус