вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Ова е најстариот хотел на светот: Отворен е пред 1.300 години, бил преноќиште на самураите, а го воделе дури 46 генерации (ВИДЕО)

Чести гости им биле самуараите кои освен кревет и храна, одмор барале во жешките базени-онсени. Јапонија денеска има рјокани кои варираат од семејни хотелчиња со неколку соби до зданија кои изгледаат како палати.
Ова е најстариот хотел на светот: Отворен е пред 1.300 години, бил преноќиште на самураите, а го воделе дури 46 генерации (ВИДЕО)

Судејќи по новите трендови се поголема е побарувачката за единствено сместување. Статистиките на „Airbnb“ покажуваат дека се почесто се бара куќарка на дрво, како сместување во средновековните дворци, колиби во дивината и шатори кои традиционално ги користат номади во средишна Азија.

Во Јапонија се повеќе популарни се рјоканите, традиционални преноќишта чија традиција влече корени уште од 8 век. Типично јапонско сместување се наоѓа покрај најважните сообраќајници каде патниците би можеле да се освежат и преспијат.

Чести гости им биле самуараите кои освен кревет и храна, одмор барале во жешките базени-онсени. Јапонија денеска има рјокани кои варираат од семејни хотелчиња со неколку соби до зданија кои изгледаат како палати.

Во нив се спие во татамии (подлога слама, гума или синтетика) и футоним.

Миншуку е помалку луксузна верзија на рјокан па со самото тоа е и поевтина. Еден од првите хотели на светот е токму преноќиштето Нишијама Онсен Кејункан, кое е отворено во 705 година.

Хоши рјокан во градот Коматсу е отворен во 717 година, па според Гинисовата книга на рекорди претставува  најстар хотел кој и понатаму работи. Дури 46 генерации исто семејство го водело бизнисот.

Хотелот има стотина соби, два затворени термални базени, како и два надворешни кои се одвоени за мажи и жени.

Гостите добиваат јукату, односно посебно кимоно за користење како уживањето покрај базенот би им било поудобно.