петок, 13. декември 2019. Вести денес: 129
home Занимливости

Ова е најскапата кредитна картичка во светот, изработена од 18-каратно злато

Ова е најскапата кредитна картичка во светот, изработена од 18-каратно злато

Новата дебитна картичка на британскиот „Ројал Минта“ со име Рарис е најскапата кредитна картичка на светот направена од 18-каратно злато. Користењето на ваква картичка, односно купувањето на истата, има и своја цена која изнесува повеќе од 20 илјади евра.

Ројал Минт соработуваше со Мастеркард како би ја креирале картичката наменета за луѓето кои го ценат луксузот. Нејзините поволности се купување без лимит, како и плаќање во странски валути без провизија.

Картичката нуди уште бенефиции, како прилагодени услуги во хотели и други поволности кои се дел од МастерКард Ворлд Елит.