вторник, 20. ноември 2018. Вести денес: 126
home Занимливости

Ова е најглупавиот крадец на светот: Нема да верувате кога ќе прочитате што направил

Ова е најглупавиот крадец на светот: Нема да верувате кога ќе прочитате што направил

Полицијата во Пенсилванија привела 17-годишник кој е апсолутен фаворит за титулата „најглупавиот криминалец во светот“.

Џејсон Х. како што пренесуваат тамошните медиуми ја заслужува титулата затоа што на глупав начин ограбил еден постар брачен пар, што од тоа може да се направи комедија.

Се започнло пред неколку дена во 3 часот наутро.

Џејсон провалил домот на еден постар брачен пар и ја разбудил 70-годишната баба така што по рамото ја почукнал со пиштол.

Од неа барал пари, а ја познавал од претходно затоа што живеел во стан кој таа му го изнајмувала.

ПРВ БИСЕР: Не бил маскиран, иако ја познава старицата.

Кога му рекла дека во домот не чува пари, ја одвел до банкомат и и наредил да подигне 2.000 долари и да му ги предаде парите. Во спротивно, и се заканил дека ќе ја убие.

ВТОР БИСЕР: Повторуваме не бил маскиран, а банкоматот има камера.

Бидејќи на банкоматот постои ограчување за максимален износ на пари кои може да се подигнат, старицата му дала 460 долари.

Потоа се вратил во нејзиниот дом, па го разбудил нејзиниот маж и го довел во кујната.

Потоа следувал најглупавит дел од неговиот план…

Џејсон и рекол на старицта дека утре на паркинг пред трговскиот центар треба да му донесе 1.500 долари.

ТРЕТ БИСЕР: И рекол на старицата и нејзиниот маж дека ќе биде облечен во иста облека.

ЧЕТВРТ БИСЕР: Им рекол точно кога да дојдат на паркингот.

ПЕТТИ БИСЕР: Им рекол никако да не повикуваат полиција и заминал, оставајќи ги преплашени во домот.

Секако, старците веднаш повикале полиција.

Утредента во договореното време, Џејсон Х. се појавил на паркингот. Носел облека како што рекол, имал пиштол и нешто помалку од оние 460 долари кои старицата претходната вечер принудно ги подигнала на банкоматот.

Тука била и полицијата.

Дејвид бил приведен без проблеми и набргу соочен со низа обвиненија: вооружен грабеж, киднапирање, изнуда…

Одредена му е кауција од 200.000 долари која не може да ја плати, па сега е зад решетки и чека почеток на судењето и пресуда за долгогодишна робија. И секако, титулата „најглупав криминалец во светот“, бидејќи е тешко да се поверува дека некој ќе успее да го изведе она што го напрвил тој.