понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 45
home Занимливости

Ова е најбогатата жена на светот- парите ги стекнала по разводот со сопругот

Ова е најбогатата жена на светот- парите ги стекнала по разводот со сопругот

Писателката филантроп Мекензи Скот е најбогатата жена на светот. По разводот со Џеф Безос, таа доби четири отсто од акциите во „Амазон“.

Најбогатиот Американец, Џеф Безос пред само неколку дена официјално стана првиот човек чие богатство стигна до 200 милијарди.

Според здружението „Американци за фер данок“, за време на корона-кризата, богатството на поистакнатите милијардери во САД пораснало за 25 отсто, односно за вкупно 800 милијарди долари.

Според извештаите, имотот на Илон Маск, сопственик на „Тесла“ и „Спејс-Икс“, е трипати „потежок“ во однос на март.

Минатиот месец, невработеноста во САД падна на 10,2 отсто, но сѐ уште, на неделно ниво, милион Американци поднесуваат барање за бенефиции за невработени.

Коронавирус