сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 75
home Занимливости

Ова двегодишно девојче е посилно и од лошата судбина: И ја ампутирале ногата пред да прооди, а сега трча и танцува (ВИДЕО)

Ова двегодишно девојче е посилно и од лошата судбина: И ја ампутирале ногата пред да прооди, а сега трча и танцува (ВИДЕО)

Двегодишното девојче Џулијет Вејтс била родена со сериозен деформитет на левата нога, поради кој не можела да се движи. Поради тоа на неа морале да и ја ампутираат ногата уште пред да прооди.

-Џулијет немаше дел од потколеницата, лигаменти, а дел од стапалото и било искривено, немаше неколку прсти, бутната коска и била пократка… Лекарите ни понудија две опции, да и се вгради продолжеток или ампутација. Се одлучивме за ампутација која беше направена кога имаше само 11 месеци, а потоа тргна нејзината битка со привикнување на протезата и првите чекори. Поради неверојатната личност и силата која ја има лесно ги совлада сите препреки и денеска оди и трча, вели мајката на Џулијет, Аманда Берлинг Вејтс.

Еден дошла да ја проба новата пофлексибилна протеза. На почетокот одбивала и не сакала да се откаже од старата, дури и кога и рекле дека со неа ќе може да скока, танцува.

И покрај почетното одбивање, Џулијет на крајот се навикнала на новата протеза за која вели дека ја прави посреќна. На патот кон својот дом Џулијет на своите родители има кажала дека новата протеза ја усреќува.

Коронавирус