сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 97
home Занимливости

Отровот од скорпија е најскапата течност, а еве зошто литар чини 39 милиони долари

Отровот од скорпија е најскапата течност, а еве зошто литар чини 39 милиони долари

Отровот на опасната жолта скорпија е најскапата течност во светот, пишува „Бизнис инсајдер“. Имено, галон (околу 3,8 литри) од смртоносната течност чини неверојатни 39 милиони долари.

Но, дури и ако некој има пари за литар од опасната течност, до неа многу тешко ќе дојде. Имено, една скорпија произведува до два милиграма отров, и во повеќето случаи се зема рачно. Откако отров ќе се земе од телото на скорпијата, тој мора да помине низ процесот на чистење и лиофилизација ( сушење со замрзнување), и се продава како прав во милиграми, чија цена се движи меѓу 8.000 и 12.000 долари.

Цената е толку висока поради неколку важни својства. Освен што отровот на жолтата скорпија е смртоносен, тој содржи стотици корисни состојки, сведена на молекуларно ниво, може да се користиат за медицински цели.

Отровот на скорпија е корисен во борбата против болеста, која убива милиони луѓе годишно – ракот. Поконкретно, токсинот кој се наоѓа во телото на скорпијата, се користи за идентификување на големината и локацијата на туморот во телото на човекот, а во моментов научници спроведуваат истражувања, преку кои го бараат начинот како со користење на отровот од скорпија, не само да се најде туморот туку и да се убијат клетките на ракот. Покрај тоа, научниците ја отстрануваат маларијата од комарците со помош на скорпија, а исто така, испитуваат дали протеин што се наоѓа во отровот на скорпијата може да помогне во лекување на мултипла склероза, лупус, воспалително заболување на цревата, и ревматизам.

Освен отровот на жолтата скорпија, и отровот добиен од сина скорпија се користи како состојка во некои противвоспалителни лекови и аналгетици.

Како што се зголемува бројот на истражувањата, а со тоа и начинот на кој може да се користи отровот од скорпија, расте потребата од „чудесната течност” до која тешко се доаѓа. Поради ова, научниците исто така бараат начини преку кои може да се дојде до што повеќе течност. Затоа, некои дури измислија уред за „сопруг” на скорпијата, кој ја забрзува макотрпната постапка и ја чини побезбедна.

.

Коронавирус