четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 154
home Занимливости

Откупил нацистички предмети за 600.000 евра

Откупил нацистички предмети за 600.000 евра

Бизнисменот Абдалах Шатила, Либанец кој со децении живее во Швајцарија, денеска соопшти дека откупил шапка на Адолф Хитлер и други нацистички предмети, како што изјави – „за да не паднат во раце на неонацистите и за да ги подари на Еврејската организација“.

-Немам никаков директен интерес, само мислев дека тоа е правилно нешто да се направи, рече Шатила.

Либанецот, инаку христијанин, минатата седмица на аукција во Минхен платил 600.000 евра за артефактите, со намера да ги уништи откако една еврејска група се огласи дека е против продажбата.

Наместо тоа, непосредно пред наддавањето, разговарал со претставникот на организацијата, Керен Хајесод и одлучил да им ги подари.

Европското еврејско здружение го поздрави неговиот „врвен чин на доброта, великодушност и солидарност”.

Коронавирус