петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 152
home Занимливости

Откријте што кажува за вас положбата во која ви се поставени нозете додека седите

Откријте што кажува за вас положбата во која ви се поставени нозете додека седите

Според психолозите кои го проучуваат говорот на телото, положбата која ја заземаат луѓето за време на седењето, зборува многу за нивните намери. Суштината се состои во тоа дека луѓето таквата положба ја заземаат несвесно и така, преку потсвеста се манифестираат нивните скриени инстинкти и желби. Еве што можете да откриете според тоа како ги поставувате вашите нозе додека седите.

 

1

Понекогаш луѓето кои претпочитаат да седат во ваква положба, сакаат да не ги забележуваат проблемите и се водени од принципот „Ако се покријам со ќебе над глава, чудовиштата ќе заминат.“ Тие веруваат дека сѐ ќе се реши самото по себе. Понекогаш таквиот принцип функционира и тие се среќни поради тоа, но понекогаш не ум успева, и во овој случај проблемите им ги префрлуваат на другите. Со ваквите луѓе лесно е да се комуницира, тие не се досадни, лесно се менуваат и многу ретко имаат иста мисла цела недела. Тие се креативни, шармантни и по малку со детско однесување. Ваквите личности често знаат прво да изговорат нешто, а потоа да размислат за тоа што го рекле.

 

2

Луѓето кои ја избираат оваа положба за седење често сонуваат и имаат добро развиена имагинација. Меѓу нив често се наоѓа некој кој е нарекуван „душата на тимот или на компанијата“, па со нив никогаш не е досадно затоа што тие постојано имаат некои нови, а понекогаш и неверојатни идеи. Таквите луѓе сакаат да патуваат и лесно создаваат нови пријателства. Не е многу веројатно тие да чекаат да дојде понеделник или нова година за да започнат некоја нова животна страница, затоа што сметаат дека сѐ може да започне уште веднаш. Не размислуваат долго и го променуваат својот изглед, партнер, работа, град, па дури и државата. За нив тоа е сосема нормално.

3

Луѓето кои ги поставуваат нозете на овој начин, повеќе од другите знаат како треба да изгледа висинската удобност. Тие можеби нема во текот на викендите да отидат во шопинг со надеж дека ќе си создадат совршен изглед, но затоа се во состојба да потрошат многу време на тоа да изберат нов парфем или крема. Во суштина, нивниот однос може да биде многу комплициран затоа што тие одбираат многу и бараат маани. Многу често се опкружени со таканаречен „хаос“, но во тоа, што другите го сметаат како хаос, постои одредена логика: Сите потребни работи сопственикот може да ги пронајде со затворени очи. Нивната слаба точка е неможноста да се фокусираат на нешто одредено. Тие долго време не можат да се сконцентрираат, а исто така лесно може да избегаат од темата.

 

4

Луѓето кои сакаат да седат во ваква положба обично не сакаат да доцнат, но и самите тешко поднесуваат кога доцни некој друг. Тие се паметни, интелигентни, чувствителни и сметаат дека лошиот мир е подобар од добрата кавга, а по малку се чувствуваат непријатно ако некој до нив ги покажува своите чувства во јавноста (не е важно дали е бакнеж или кавга со партнерот). Ако личноста сака да седи во оваа положба, а притоа се потпира на целото стапало, тогаш таа е прилично отворена, директна, можеби и по малку дрска, а по природа педантна. Ако во оваа положба сака да го подигне горниот дел од стапалото, потпирајќи се на петата, бидете сигурни дека оваа личност секогаш е подготвена да се спротивстави на сѐ и секому. За овие личности светот е непријателско опкружување, а куќата еден вид засолниште, тврдина зад чии ѕидови може да се сокрие од сите катастрофи. Каква било забелешка на сметка на ваквите личности, се смета како укажување на тоа дека нешто не е во ред со нив и веднаш започнуваат контра напад.

5

Луѓето на кои им се допаѓа овој вид седење, по правило не брзаат премногу, а ако стапат во брак не сакаат да брзаат да имаат потомство пред да добијат соодветно образование и да изградат кариера, затоа што сметаат дека сѐ има свое време. Тие се карактеризираат со истрајност (понекогаш тоа преминува во тврдоглавост) и ги следат своите животни цели. Амбициите ги поттикнуваат овие луѓе да заборават на нивните каприци и да се движат напред, онаму каде што соништата се остваруваат. Ним им е многу важно како изгледаат и никој не знае на какви напори се спремни за да одржуваат идеална форма. Длабоко во нивната душа кај нив постојат мали несигурности во себе, затоа често добиваат критики.

 

извор: kafepauza.mk

Коронавирус