вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Откриени се гени кои одредуваат дали може коронавирусот да ве убие или не!

Откриени се гени кои одредуваат дали може коронавирусот да ве убие или не!

Научниците почнуваат да разбираат зошто коронавирусот е поопасен за одредена група на луѓе а за друга не. Постарите луѓе имаат поголема веројатност дека ќе се разболат од вирусот за разлика од помладите. Мажите се под поголем ризик од жените.

Новото откритие, објавено во петокот соопштува дека клучевите за добро здравје потекнуваат уште од дамнешна историја. Тоа е поради одреден сегмент на ДНК кој го зголемува ризикот од тешките болести како што е коронавирусот.

„Овој ефект на вкрстување на сегменти од ДНК се случил уште пред 60.000 години а и денес има влијание“, вели Џошуа Акеи, генетичар од Универзитетот во Принстон.
Овој дел на геномите, кој опфаќа шест гени на хромозомот 3, претрпел вкрстување низ историјата на човештвото. Варијацијата е за сега вообичаена во места како што е Бангладеш, каде 63 отсто од луѓето носат најмалку еден ваков геном.

Во цела Азија, скоро третина од луѓето го наследиле генот.

Меѓутоа, само 8 отсто од Европејците го имаат а 4 отсто во Источна Азија. Во Африка и воопшто го нема.

Коронавирус