недела, 27. септември 2020. Вести денес: 18
home Занимливости

Откриени мрачни тајни на технолошките моќници во Силиконската долина

После две години истражување, новинарката Емили Чанг наскоро ќе објави книга која се занимава со разоткривање на опуштениот начин на живот на технолошките моќници.
Откриени мрачни тајни на технолошките моќници во Силиконската долина

Според делови од книга кои се објавени во магазинот „Vanity Fair“ повеќедневните оргии во кои учествуваат „high-tech“ претприемачите и инвеститорите се јавна тајна на технолошката елита.

Машката елита во Силиконската долина е позната по редовното приредување на екстравагандни сексуални забави со многу дрога и жени, откриваат добро упатени соговорници на новинарката на угледниот Блумберг, Емили Чанг.

После две години истражување, таа наскоро ќе објави книга која се занимава со разоткривање на опуштениот начин на живот на технолошките моќници.

Според делови од книга кои се објавени во магазинот „Vanity Fair“ повеќедневните оргии во кои учествуваат „high-tech“ претприемачите и инвеститорите се јавна тајна на технолошката елита, иако поголемиот дел од луѓето надвор од Силиконската долина за тоа не знаат.

Книгата „ Brotopia: Breaking Up the Boys’ Club of Silicon Valley “, се темели на сведочење  на десетина лица, од кои повеќето анонимно проговориле за работите кои ги доживеале на тие забави.

Скоро секогаш неизоставен дел од забавите го сочинуваат конзумирањето на дрогата МДМА, која често се послужува во облик на таблети со лого на некоја од големите технолошки компании. Меѓутоа, пред да се издрогираат вечерта почнува класично, со вечера и пијалак, за на крајот да заврши со секс, понекогаш во групи во тројца.

Организаторите притоа секогаш се трудат на забавите има двојно повеќе жени од мажи.

Поканетите за местото и времето на забавата се известуваат усмено или по пат на Фејсбук, Снепчет и слични апликации, а локациите на овие оргии се секаде, по различни вили во Сан Франциско, дворци во долината Напа, куќи на плажа во Малибу, па дури и на јахти на Ибица.

Емили Чанг открива дека има и гости кои на тие забави доаѓале со сопругите, затоа што „отворените бракови“ наводно стануваат се почеста појава во технолошките кругови.

Меѓутоа, многу жени во Силиконската долина се наоѓаат во неволја ако ги повикаат на една од таквите забави.

-Доколку учествувате во тие сексуални забави, немојте да помислувате дека некогаш ќе ја кренете својата компанија или дека некогаш некој ќе инвестира во вашиот проект. Таа врата се затвора. Меѓутоа, доколку не учествувате, ве исклучуваат така што се во неволја што и да направите, ефектно е направена незавидната положба на претприемачките во хај-тех индустријата, вели една од соговорничките во книгата.

Коронавирус